УТРО.мк

Бранислав Светозаревиќ носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

Бранислав Светозаревиќ носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово
Vero

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни.

„За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината. Носител на советничката листа е нашиот Бранислав Светозаревиќ – човек кој ја чува вистината за Македонија и кој од 2010 до 2018 година го водеше Музејот на македонската борба“, изјави Александар Велјаноски, претседател на Општинскиот комитет на партијата.

Светозаревиќ, кој зад себе има богато искуство во областа на историјата и културното наследство, во Советот на Општина Тетово влегува со јасна визија за развој на градот, но и со цел да придонесе за зачувување на македонската историска меморија.

„Заедно со голем тим од докажани луѓе влегуваме во Советот со огромно знаење и со јасна визија како да го направиме градот место што сите го посакуваме“, порача Светозаревиќ.

Со неговиот избор, ВМРО-ДПМНЕ најавува нова енергија и посветеност во локалното управување, фокусирајќи се на чесност, професионализам и вистински патриотски вредности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран