УТРО.мк

Поднесени 312 листи за градоначалници и 575 за советници за локалните избори

Поднесени 312 листи за градоначалници и 575 за советници за локалните избори
Vero

По завршување на рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори во 2025 година, во 80 општини и Градот Скопје се поднесени вкупно 312 листи за градоначалници и 575 листи за советници. Во оваа бројка се вклучени кандидатските листи на политички партии, како и листите поднесени од групи избирачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Најголем број листи се поднесени за Градот Скопје – 18 листи за градоначалник и 20 листи за членови на Советот на Град Скопје.

ДИК појаснува дека Општинските изборни комисии (ОИК) веднаш по приемот на листите ќе побараат потврда за исполнетост на условите од надлежните институции, најдоцна до 14 септември. По завршување на проверката и отстранување на евентуални неправилности, потврдeните листи ќе бидат доставени до ДИК за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, најдоцна до 20 септември 2025 година.

Откако процесот ќе заврши, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран