УТРО.мк

Убиство во паркот „Жена-борец“ во Скопје

Убиство во паркот „Жена-борец“ во Скопје
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца мажи на возраст од 44 и 46 години, осомничени за кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, која завршила со смрт на жртвата.

Инцидентот се случил на 10 септември во вечерните часови во паркот „Жена-борец“ во центарот на Скопје. Осомничените и оштетениот заедно консумирале алкохол, по што настанала вербална расправија која прераснала во физичка пресметка.

Двајцата мажи со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле тешки повреди на оштетениот, кој по два дена им подлегнал во болница.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Извор: newz24live

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран