УТРО.мк

Обид за палење во Куманово – сторителот избега пред да ја заврши работата

Обид за палење во Куманово – сторителот избега пред да ја заврши работата
Vero

Непознато лице во раните утрински часови на 13 септември 2025 година со бензин испрскало две возила во населбата Долно Којнаре, Куманово, но не успеало да ги запали и побегнало.

Според пријава во СВР Куманово, Г.Ѓ. пријавил дека во неговото дворно место едно лице ги испрскало „Јагуар“ и „Ауди“ со намера да ги запали, но откако реагирал, сторителот побегнал.

Од Секторот за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување и документирање на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран