УТРО.мк

Побаран краткотраен притвор за четири лица поврзани со пожарот во Трубарево

Побаран краткотраен притвор за четири лица поврзани со пожарот во Трубарево
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица заради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во кривичното дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ според член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вечерва, од судија на претходна постапка беше побарана мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување на докази. Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник кој е раководител на подружница, како и 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази, а надлежните органи продолжуваат со постапување. Се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.

Извор: 4news.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран