УТРО.мк

Инцидент во Хаг: Поставено знамето на ОВК на Амбасадата на Србија

Инцидент во Хаг: Поставено знамето на ОВК на Амбасадата на Србија
Vero

Денеска, за време на протестот на приврзаниците на ОВК во Хаг, неколку лица го поставија знамето на ОВК на влезот на Амбасадата на Србија и упатија навреди кон вработените на национална основа.

Според изјавата од Амбасадата за „Косово онлајн“, инцидентот се случил околу 16 часот кога пред зградата се паркирал автомобил, од кој излегле непознати лица, поставиле знаме на ОВК и потоа заминале.

Претставниците на Амбасадата веднаш го известиле дипломатската полиција, која земала изјави од вработените и ги забележала регистарските таблици на возилото. Амбасадата исто така најави дека ќе се покрене истрага и ќе се зајакне присуството на безбедносните служби околу зградата.

Според Амбасадата, на улиците на Хаг денес имало повеќе стотици луѓе и автомобили со знамиња на Албанија и ОВК, кои минувајќи покрај Амбасадата, упатувале различни навреди.

Извор: телеграф.рс

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран