Битола утринава пулсираше во ритамот на трчањето, музиката и забавата, бидејќи се одржа 7-мото издание на „Трчај бе“. Локацијата кај Саат кулата беше стартната точка на трите трки – 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон од 21.000 метри.

Над 1.700 учесници од 15 држави се натпреваруваа во сите три категории, согласно правилата на Меѓународното здружение на атлетски сојузи и Атлетската федерација на Македонија. Полумаратонското државно првенство се одржа под покровителство на Атлетската федерација на Македонија.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги додели наградите за најдобрите во полумаратонските трки, во машка и женска конкуренција, и им посака на победниците да го негуваат спортскиот дух и да освојуваат уште повеќе награди.

„Трчај бе“, во изминатите седум години, прерасна во манифестација која освен трчањето, го спои заедништвото низ многу генерации љубители на спортот.