УТРО.мк

Лишен од слобода возач во Радовиш, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Лишен од слобода возач во Радовиш, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
Vero

На 13.09.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.И.(55) од с.Ињево, радовишко. Во 13:45 часот на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со повреди.
П

ри преземање мерки и вршење увид, односно по извршено алкотестирање утврдено e дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,.71 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против Т.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран