Четири лица се повредени во пожарот што вчера избувна во компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, која се занимава со складирање на електричен и електронски отпад.
Информацијата ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева. Дополнителни податоци за здравствената состојба на повредените ќе бидат презентирани од министерот за здравство, Азир Алиу, во 13 часот.