УТРО.мк

Ангелов: Пожарот во Трубарево изгаснат, но чадењето е силно

Ангелов: Пожарот во Трубарево изгаснат, но чадењето е силно
Vero

Пожарот во Трубарево е ставен под контрола и нема активно горење, но чадењето сѐ уште е силно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Делот со литиумските батерии е затрупан со песок и земја, но чадот се пробива низ нив, па пожарникарите постојано навлажнуваат за да спречат повторно разгoрување.

Ангелов нагласи дека со навремена и пожртвувана акција се спасени четири објекти покрај опожарените хангари на „Групација-Ф“. Тој истакна дека гореле големи количини пластичен и електронски отпад, кој е особено тежок за гаснење.

Ноќеска, околу 2:30 часот, бил забележан и помал пожар на депонијата „Дрисла“, предизвикан од испарување на гасови. Пожарникарите брзо реагирале и го изгаснале, а состојбата таму сега е стабилна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран