УТРО.мк

Иран со отворена закана: „Имаме план за секој што ќе се вмеша во конфликтот“

Иран со отворена закана: „Имаме план за секој што ќе се вмеша во конфликтот“
Vero

Иран упати јасна и остра порака до сите потенцијални страни кои би размислувале да се вмешаат во тековниот вооружен конфликт со Израел. Преку соопштение од Врховниот совет за национална безбедност, Техеран порача дека секоја „трета страна“ ќе се соочи со итен и прецизно испланиран одговор.

„Судирот со непријателот ќе продолжи сè додека не биде исплатена компензација“, се наведува во соопштението објавено на 19 јуни, додека конфликтот меѓу Иран и Израел влегува во својата седма воена ноќ.

Иако не беа директно споменати САД или која било друга држава, иранските власти јасно истакнаа: „Во случај на интервенција на трета страна во оваа агресија, веднаш ќе реагираме согласно однапред подготвен оперативен план.“

Во меѓувреме, од Вашингтон пристигнуваат информации дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за можноста за вклучување на САД во конфликтот. Според извори на CNN, Трамп веќе ги прегледал можните планови за напад, но го одложува носењето на конечна одлука – очекувајќи да види дали Техеран ќе покаже подготвеност за отстапки во рамки на својот нуклеарен програм.

Ситуацијата на Блискиот Исток останува крајно напната, а секоја нова најава за вмешување на дополнителни актери само го зголемува ризикот од проширување на конфликтот на регионално или дури глобално ниво.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран