Триесет и четиригодишна жена од Скопје пријавила во Министерството за внатрешни работи дека била физички нападната од својот партнер, 36-годишниот Д.Т.
Според пријавата, нападот се случил вчера во апартман на територијата на Република Грција, каде што двајцата престојувале. Жената го пријавила случајот по враќањето во Македонија.
Од МВР информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и дека ќе бидат побарани информации и од грчките надлежни институции.