Поради сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, во близина на селото Желино, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Инцидентот е евидентиран околу 14:45 часот, но засега нема официјални информации за тоа колку возила се инволвирани или дали има повредени лица. На терен се екипи на полицијата и итната помош, а се очекува сообраќајот да биде нормализиран по завршување на увидот и расчистување на коловозот.
АМСМ апелира до возачите да бидат исклучително внимателни и, доколку е возможно, да користат алтернативни правци додека траат активностите на теренот. Дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.