УТРО.мк

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни
Vero

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во однос на претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметките, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни достигнала 64.698 денари. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства достигнуваат 80.073 денари.

Најголемо зголемување е забележано кај трошоците за храна и пијалоци, кои во јуни изнесувале 23.167 денари, што е за 733 денари повеќе во споредба со мај.

„Имајќи ги предвид горенаведените податоци, евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеца е зголемена за 2.007 денари, додека кај храната и пијалоците за истиот период пораснаа за 1.678 денари“, велат од ССМ.

Од Сојузот предупредуваат дека континуираното зголемување на трошоците врши дополнителен притисок врз стандардот на граѓаните и ја нагласуваат потребата од итни економски мерки за поддршка на домаќинствата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран