Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, остро ја критикуваше новата политичка соработка меѓу Арбен Таравари и Али Ахмети во рамките на Европскиот фронт. Според Фетаи, Таравари завршил „во прегратките“ на Ахмети, прифаќајќи заеднички листи и кандидати за локалните избори.
Фетаи потенцира дека Таравари претходно ја одбил понудата за пет сигурни општини и се обидел да го саботира коалицискиот договор, но на крајот сепак се повлекол и се приклучил на Ахмети. Тој додава дека целта на овој политички потег е рехабилитација на корумпираната ДУИ и враќање на „непожелената“ личност Артан.
„Албанците ја разбираат нивната игра. Не сакаат враќање на расипаниот систем, исполнет со кражби, корупција и предавства. Нашиот народ сака чесни политичари кои работат за заедничкиот интерес, а не за своите џебови. Албанците избираат надеж, а не предавство“, порача Фетаи во својата реакција.