УТРО.мк

Коњановски: Почнува санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“

Коњановски: Почнува санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од одделението за комунални дејности извршија увид во започнатите градежни активности за санација на јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“.

Проектот, вреден 46 милиони денари, предвидува целосна санација на постоечките скалници, поставување на нови 4.852 седишта и заштита на сите челични елементи, вклучително и настрешницата.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку поддршка од Владата на Република Македонија, во рамките на првиот повик за инвестиции во инфраструктура.

Покрај оваа активност, Општина Битола во координација со Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на исполнување на стандардите на УЕФА, за да може на 9 септември да се одигра меѓународниот натпревар меѓу младинските селекции на Македонија и Италија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран