УТРО.мк

Нов сој на коронавирусот предизвикува необична болка во грлото, пациентите се жалат дека чувствуваат како некој да ги сече со жилет

Нов сој на коронавирусот предизвикува необична болка во грлото, пациентите се жалат дека чувствуваат како некој да ги сече со жилет
Vero

Варијантата, означена како NB.1.8.1 или позната како „Nimbus“, според лекарите од Велика Британија, Индија и други земји, предизвикува исклучително болни грлоболки кај заболените.

Сепак, експертите засега не гледаат причина за загриженост. Според Светската здравствена организација (СЗО), на 28 мај беше регистриран пораст на случаи во региони како Источен Медитеран, Југоисточна Азија и Западен Пацифик. Во тој период, „Nimbus“ чинеше речиси 11% од сите генетски анализирани примероци на коронавирус ширум светот.

Варијантата е откриена и на американските аеродроми кај патници кои доаѓаат од овие региони, меѓу кои Калифорнија, Вашингтон, Вирџинија и Њујорк.

Научниците сметаат дека „Nimbus“ веројатно нема да предизвика потешка клиничка слика, барем засега. Иако некои земји од Западниот Пацифик пријавиле зголемување на бројот на заболени и хоспитализации, нема докази дека оваа варијанта предизвикува посериозна болест во споредба со претходните соеви.

Достапните вакцини се сè уште ефикасни против новата варијанта, а СЗО ја класифицира „Nimbus“ како „набљудувана варијанта“, проценувајќи дека ризикот за јавното здравје на глобално ниво е низок.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран