УТРО.мк

Ливерпул го повлекува дресот со број 20 во чест на трагично загинатиот Диого Жота

Ливерпул го повлекува дресот со број 20 во чест на трагично загинатиот Диого Жота
Vero

Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека ќе го повлече дресот со број 20 како траен симбол на сеќавање и почит кон трагично загинатиот португалски напаѓач Диого Жота, кој го носеше токму овој број додека настапуваше за „црвените“.

„Бројот 20 ќе биде повлечен со целосна почит, поради неговиот извонреден придонес во освојувањето на историската 20-та титула во сезоната 2024/25. Последниот гол во својот живот го постигна токму во април, во дербито на Мерсисајд против Евертон, по еден од неговите препознатливи продори“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Диого Жота одигра вкупно 182 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи 65 голови и остварувајќи 26 асистенции. Пред да пристигне на „Енфилд“, настапуваше за Вулверхемптон, Пакош Фереира и Порто.

За португалската репрезентација одигра 49 натпревари, при што постигна 14 голови, а двапати ја освои Лигата на нации.

Само неколку недели пред трагедијата, на 22 јуни оваа година, Жота се ожени со својата партнерка Руте, со која имаа три деца.

Ова е првпат во историјата на клубот Ливерпул да повлече некој број на дрес, што јасно говори за длабокото значење кое Жота го имаше – и ќе го има – за навивачите и историјата на клубот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран