УТРО.мк

Дали Нејмар се враќа во Европа? Познатиот фудбалер го послуша своето срце

Дали Нејмар се враќа во Европа? Познатиот фудбалер го послуша своето срце
Vero

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар донесе одлука за својата иднина и со тоа стави крај на шпекулациите за негово можно враќање во Европа. Како што потврди самиот, останува во Сантос – клубот каде ја започна својата професионална кариера.

„Ја донесов одлуката и го послушав своето срце. Сантос не е само мој клуб – тој е мојот дом, моето потекло, мојата приказна и мојот живот. Тука од дете станав маж, тука сум вистински сакан. Тука можам да бидам свој и искрено среќен. Тука сакам да ги остварам преостанатите соништа од мојата кариера и ништо нема да ме спречи. Заминав, се вратив, и сега останувам“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Нејмар се врати во Сантос зимоска, со намера преку натпревари во Бразил да ја подигне формата и летово повторно да се врати на елитната европска сцена. Сепак, настапите не го оправдаа очекуваното – во 14 одиграни натпревари постигна три гола и забележа три асистенции, а Сантос во моментов се бори за опстанок во бразилската лига.

И покрај тоа, клубот и играчот постигнаа договор за продолжување на соработката до крајот на годинава, по што Нејмар повторно ќе ги разгледа опциите за понатамошниот тек на кариерата.

Нејмар дојде во Сантос во 2003 година како 11-годишник, а за првиот тим дебитираше во 2009. Во 2013 година направи трансфер во Барселона, каде помина четири сезони, по што следуваше историскиот трансфер во Пари Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра. Во 2023 година се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија, но поради сериозна повреда одигра само седум натпревари и постигна еден гол, и покрај тоа што клубот за него издвои речиси 300 милиони евра.

Со оваа одлука, Нејмар јасно покажува дека во финишот од кариерата сака да биде таму каде што, како што самиот вели, „вистински припаѓа“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран