Орбан: Русија не претставува вистинска закана за НАТО, вистинската опасност е губењето на конкурентноста во Европа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Русија не е доволно силна за да претставува реална закана за НАТО, потенцирајќи дека алијансата е „многу посилна“.
„Вистинската закана за Европа е губењето на конкурентноста, а НАТО нема што да бара во Украина“, рече Орбан за време на самитот на НАТО што се одржува во Хаг, пренесува Ројтерс.
Дводневниот НАТО самит што почна вчера во Холандија како главна тема го има зголемувањето на трошоците за одбрана на земјите членки, предлог што го изнесе американскиот претседател Доналд Трамп.