УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Македонскиот фолклор – извор на радост и пријателство за постарите генерации

Ѓорѓиевски: Македонскиот фолклор – извор на радост и пријателство за постарите генерации
Vero

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“, денес се одржа концерт посветен на македонскиот фолклор и традиционалната музика, во организација на Здружението на пензионери – Кисела Вода. Настанот претставуваше продолжение на манифестацијата “Коријада”, а уште еднаш го потврди значењето на социјалната вклученост и културната активност на пензионерите.

Настапија играорни групи од пензионерски здруженија од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Илинден и Пробиштип, прикажувајќи богат фолклорен израз во традиционални носии. Публиката особено го поздрави настапот на претставниците од Здружението на пензионери од Прокупље, Србија, чии членови исполнија и македонска песна како симбол на меѓународно пријателство.

Културната програма беше дополнета со настапи на познатите естрадни уметници Миле Кузмановски, Спасен Силјаноски и Јасмина Гуњова, кои придонесоа за весела и емотивна атмосфера.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека фолклорот не само што е важен дел од културниот идентитет, туку и средство за зближување на луѓето.

„Нашите пензионери се пример за тоа како преку песна, игра и традиција може да се негува вистинска блискост и пријателство. Ќе продолжиме да го поддржуваме ваквиот вид на социјално вмрежување и културна активност,“ изјави Ѓорѓиевски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран