УТРО.мк

“Ако за вас ова е одмор – јас не одам”: Снимка од плажа во Хрватска го шокираше Балканот [ВИДЕО]

“Ако за вас ова е одмор – јас не одам”: Снимка од плажа во Хрватска го шокираше Балканот [ВИДЕО]
Vero

Снимка од плажата во Макарска стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина реакции поради неверојатната гужва која речиси го анулира поимот „летен одмор“, објави српски Мондо.

На видеото, кое бргу се прошири низ целиот регион, се гледа плажа преполна со луѓе – буквално нема слободно место. Пешкири, душеци, детски играчки и стотици туристи се натискани едни до други, создавајќи сцена што повеќе наликува на метеж во трговски центар отколку на мирен ден крај море.

„Ова не е одмор, ова е хорор“, „Ако вака изгледа одморот – јас не одам никаде“, „Ноќен кошмар“, „Бев таму пред неколку години, исто беше – никогаш повеќе“, се дел од најкоментираните реакции.

Снимката отвори и прашања за туристичкиот капацитет на хрватското приморје, особено во шпицот на сезоната, каде што одморот лесно може да се претвори во борба за квадратен метар под сонцето.

@serhii_buhaiov#CROATIA#хорватія#Makarska♬ оригінальний звук – Serhii

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран