ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје информира дека утре (четврток) корисниците на улица Осло во општина Карпош ќе останат без вода поради изведување на водоводен приклучок со профил ф-100 мм на број 15б.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности на терен. Од претпријатието апелираат граѓаните да покажат разбирање и навреме да се снабдат со потребните количини вода.