УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Ново модерно игралиште и детско катче во населбата 11 Октомври – инвестиција во здрави генерации

Ѓорѓиевски: Ново модерно игралиште и детско катче во населбата 11 Октомври – инвестиција во здрави генерации
Vero

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го промовираше новото мултифункционално спортско игралиште и детско катче во населбата 11 Октомври – Згради, лоцирано покрај трим патеката, како дел од пошироката стратегија за вложување во младите и спортската инфраструктура.

„Поддршката и мотивацијата на младите да живеат здраво и активно секогаш е во нашиот фокус. Ова е инвестиција во здрави генерации“, изјави Ѓорѓиевски.

Новото игралиште доби специјализиран полипропиленски под кој се користи на Летните олимписки игри, а поставени се и нови кошеви, фудбалски голови и трибини, со што станува збор за целосно опремен спортски комплекс. Во негова близина е поставено и ново детско катче, што дополнително го збогатува просторот како центар за рекреација и дружење.

Градоначалникот посочи дека овој проект е дел од поголемата програма на општината за создавање на нови и модерни спортско-рекреативни зони. Тој се заблагодари на министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката во развојот на спортската инфраструктура во Кисела Вода.

„Со неговата визија и посветеност, младите денес имаат десеттици нови спортски терени. Продолжуваме да ја градиме иднината онаква каква што мојот народ заслужува“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот, според локалната власт, е само еден во низата што ќе следуваат во текот на летото, со цел да се поттикне активно и здраво живеење кај младата популација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран