Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација, јавува угледниот инсајдер Фабрицио Романо. Тој открива дека поранешниот тренер на Хајдук веќе ги договорил речиси сите детали со Фудбалскиот сојуз на Италија, а официјалната потврда се очекува во наредните денови.
Гатузо ќе го наследи Лучано Спалети, кој беше отпуштен минатата недела. Во својата тренерска кариера ги водеше Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј, а единствениот трофеј му е Купот на Италија со Наполи во 2020 година.
Според италијанските медиуми, Гатузо планира да формира стручниот штаб со свои поранешни соиграчи и шампиони. Леонардо Бонучи, кој моментално работи со младинскиот тим до 20 години, ќе биде негов прв асистент, а Андреа Барзаљи – втор. Веројатно ќе се приклучи и Џанлука Замброта, кој е без тренерски ангажман од 2017 година.
Дополнително, поранешниот селектор Чезаре Прандели би требало да биде именуван за технички директор на репрезентацијата.