Македонските тенисери изборија пласман во Втората Светска група на Дејвис купот. Македонија во 2010 година последен пат играше во Втората Евро-африканска зона, што значи и промоција по 15 години.
Мечот со Летонија не е завршен но Калин Ивановски изедначи на 1:1 во победата од 2-0 во сетови (63 64) против Артус Жагарс. Пласманот односно промоцијата беше обезбедена и пред почетокот на Ивановски бидејќи на теренот број 5 Црна Гора го доби дуелот со Молдавија со 3:0 откако Молдавија ги предаде двата меча, а првиот го загуби.
Во првиот сет Иваноски поведе со 1:0 во гемови, а во вториот гем по голема борба и одиграни 22 поена Жагарс изедначи на 1:1. Тоа што не го искористи Калин во вториот гем, го направи во осмиот гем од првиот сет и поведе со 5:3, а во следниот гем ја искористи третата сет топка за водство на Македонија од 1:0. Во вториот сет по 2:2 без брејк следуваа пет гема во кои имаше брејк и притоа по завршувањето на деветтиот гем Ивановски имаше предност од 5:4 и по 18 поени во гемот ја искористи петтата брејк топка. Во следниот гем на свој сервис ја реализираше и првата сет-меч топка за 2:0 во вториот сингл и изедначување на 1:1.
Во мечот во двојки кој ќе решава за победникот за Македонија ќе играат Ивановски и Мицов, додека за Летонија ќе настапат Карлис Озолинс и Роберт Стромбачс.
ФОТО: Игор Паневски