УТРО.мк

ВЛЕН со нови обвинувања против градоначалничката Арсовска: Нејзината тишина заштита за бесправната градба во Сарај

ВЛЕН со нови обвинувања против градоначалничката Арсовска: Нејзината тишина заштита за бесправната градба во Сарај
Vero

Коалицијата ВЛЕН денеска одржа прес-конференција, на која ги продлабочи обвинувањата против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за, како што беше речено, намерна тишина и соработка со приватни интереси поврзани со бесправната градба во општина Сарај, што се поврзува со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Беџети.

Прес-конференцијата, презентирана од страна на претставникот на ВЛЕН, Мухамед Елмази, истакна нови факти и документи кои, според нив, ги зголемуваат сомнежите дека станува збор за заштита на една „урбана империја“ изградена на нелегален начин, за која Градот Скопје не презел никакви конкретни чекори.

„Госпоѓо Арсовска, не се изјаснивте ниту со еден збор. Дали штитите приватен интерес или личен интерес поврзан со Блерим Беџети? За кого се заколнавте дека ќе работите – за граѓаните на Скопје или за вашиот близок пријател?“, изјави Елмази.

ВЛЕН презентираше пет конкретни прашања на кои, според нив, градоначалничката мора итно да одговори:
1. Урбанистичко планирање – Според нив, урбанистичкиот план од 19 септември 2022 година е оспорен. Тие бараат одговор дали постои државна постапка за негова поништување и зошто Градот Скопје не ѝ се приклучил на таа иницијатива.
2. Инспекциски надзор – Елмази побара објавување на записникот од инспекцискиот надзор и името на инспекторот, прашувајќи дали документот се крие и од што се плаши градската администрација.
3. Поништување на градежната дозвола – ВЛЕН бара одговор дали Општина Сарај и Градот Скопје ја поништиле градежната дозвола по оспорувањето на урбанистичкиот план и дали има политички притисоци за изградбата да продолжи.
4. Градење без лиценца – Според изјавата, градежната фирма останала без лиценца, но работите продолжуваат без никаква реакција од надлежните служби.
5. Катастар – ВЛЕН тврди дека Катастарот е информиран за незаконското запишување на објектот и прашуваат дали тоа е избришано или се молчи со цел објектот да стане „факт на терен“.

Коалицијата бара од Данела Арсовска да ги објави сите официјални документи, записници, одлуки и кореспонденција со надлежните институции и да даде јавно објаснување за својот став во врска со случајот.

„Госпоѓо Арсовска, прашањето е едноставно: што штитите, за кого работите и од што бегате?“, додаде Елмази во крајот на изјавата.

ВЛЕН најави дека нема да се повлече од своите барања сѐ додека институциите не постапат и јавноста не ги добие одговорите што ги заслужува.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран