УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Само со заеднички напори ќе ја зачуваме Кисела Вода чиста и еколошки одговорна

Ѓорѓиевски: Само со заеднички напори ќе ја зачуваме Кисела Вода чиста и еколошки одговорна
Vero

Екипите на Секторот за месни заедници при Општина Кисела Вода интензивно работеа изминативе денови на расчистување на мини депонии создадени од несовесно одлагање отпад. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека најчесто се работи за кабаст отпад и градежен шут, кој завршува на јавни површини и претставува сериозен еколошки проблем.

„Правилното складирање и управување со отпадот е од клучно значење за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните. Несоодветното одложување доведува до загадување и создавање на диви депонии, кои го загрозуваат квалитетот на воздухот, почвата и водите“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој упати апел до граѓаните секое одлагање на кабаст отпад да го вршат во координација со општинските служби, преку Секторот за месни заедници, со што ќе се спречи натамошно загадување. Истовремено, потсети дека ваквото постапување е казниво со Закон.

Општината редовно организира акции за бесплатно собирање кабаст отпад. Последната акција беше реализирана во месец април, а граѓаните ќе бидат навремено информирани за следните.

„Само со заеднички напори и соработка можеме да ја зачуваме нашата општина уредна и еколошки одговорна“, нагласи градоначалникот Ѓорѓиевски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран