УТРО.мк

Израел распоредува резервисти низ целата земја по ударите врз Иран

Израел распоредува резервисти низ целата земја по ударите врз Иран
Vero

По серијата воздушни напади врз ирански воени и нуклеарни постројки, израелската армија (ЦАХАЛ) започна со масовно распоредување на резервисти низ целата земја. Одбранбените сили соопштија дека мерката е дел од подготовките и за одбрана и за потенцијални офанзивни дејствија на сите фронтови.

„Во рамки на одбранбените и напаѓачките подготовки на сите подрачја, ЦАХАЛ започна со распоредување на резервисти од различни единици низ сите фронтови во земјата“, соопшти израелската војска.

Во текот на ноќта, Израел изведе напади врз клучни ирански цели: нуклеарни објекти, фабрики за балистички ракети, воени команданти и научници кои работат на иранскиот нуклеарен програм.

Според израелски извори, Иран одговорил со лансирање на околу 100 дронови, кои биле успешно пресретнати. Но, иранските власти ги демантираа тие тврдења, најавувајќи „одмазда во блиска иднина“.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Иран има рок од 60 дена за постигнување нов нуклеарен договор, но истакна дека ситуацијата отвора нова можност за преговори.

По барање на иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок во текот на денот.

Меѓународната заедница ги повика двете страни на воздржаност за да се избегне ширење на конфликтот. Европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија поддршка за правото на Израел да ја заштити својата држава и народ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран