Иран предупреди три светски сили: „Вашите бродови ќе бидат цели на напади“
Иран упати остро предупредување до Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција дека нивните воени бази и бродови во регионот ќе бидат цел на напади доколку учествуваат во блокирањето на иранските операции против Израел, објавија денеска, на 14 јуни, иранските државни медиуми.
Според извори блиски до иранската воена команда, иранската новинска агенција Фарс пренесе дека Техеран има намера да изврши напади врз американските воени бази на Блискиот исток, јави агенцијата Ројтерс.
Во контекст на израелските воздушни напади врз Техеран, Пентагон премести два американски разурнувачи кон источниот Медитеран како мерка за одбрана од можни ирански одмазднички акции, јави порталот Политико, повикувајќи се на неименувани извори. Според нив, овие бродови, кои се опремени за заштита од балистички и крстаречки ракети, веќе беа присутни во регионот.
Изворите истакнуваат дека американските воени сили со ова обезбедуваат дополнителна заштита на својата имотна инфраструктура на Блискиот исток, како и можност да им пружат поддршка на израелските сили во одбрана од иранските ракетни напади.