УТРО.мк

Такер Карлсон предупредува: „Илјадници Американци може да загинат поради агендата на Израел“

Такер Карлсон предупредува: „Илјадници Американци може да загинат поради агендата на Израел“
Vero

Познатиот американски конзервативен коментатор Такер Карлсон упати остра критика на американската поддршка за Израел во конфликтот со Иран, предупредувајќи дека САД би можеле да се вовлечат во нова војна која не е во нејзин интерес.

„Ако Израел сака да води војна, има целосно право на тоа – суверена е држава. Но не со американска поддршка“, се вели во утринскиот билтен на неговата медиумска платформа Tucker Carlson Network.

Карлсон остро го осуди нападот на Израел врз Иран и изјави дека американското вклучување во конфликтот може да резултира со појава на нова генерација терористи или дури и со смрт на илјадници Американци поради, како што рече, „туѓа агенда“.

„Станува очигледно дека ниту една од тие опции не е во интерес на САД. Но постои и трета можност – да го оставиме Израел сам да си ги води своите војни“, порача Карлсон.

Тој подолго време повикува поранешниот претседател Доналд Трамп да не дозволи Израел да ја влече Америка во нов блискоисточен конфликт. Карлсон, кој е познат по своите десничарски ставови и блискост со Трамп, со овој став се дистанцира од традиционалната републиканска поддршка за Израел.

Со ваквите изјави, Карлсон предизвика бурни реакции во американската јавност, но и внатре во десничарскиот блок, каде сè повеќе гласови се појавуваат против американското мешање во војната на Блискиот Исток.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран