УТРО.мк

Јасна порака од Иран: „Ќе продолжиме со нападите додека Израел не зажали за своите постапки“

Јасна порака од Иран: „Ќе продолжиме со нападите додека Израел не зажали за своите постапки“
Vero

Иран ќе продолжи со воените операции сè додека Израел не почувствува последици од своите дејствија, изјави денес бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, портпарол на Генералштабот на иранските вооружени сили.

Во интервју за иранската државна телевизија, Шекарчи ја коментираше последната ескалација – израелскиот напад врз Иран и одговорот на Техеран.

Повикувајќи се на изјавата на врховниот лидер ајатолах Али Хаменеи дадена еден ден претходно, тој рече: „Ќе продолжиме со нашите операции сè додека криминалниот ционистички режим не почувствува каење.“

Во раните утрински часови во петокот, израелските сили извршија напади врз цели во Иран, таргетирајќи нуклеарни и ракетни постројки. Според ирански извори, во нападот загинале над 104 лица, меѓу кои високи воени команданти и научници, додека околу 380 биле повредени.

Иран одговори со балистички ракети кои погодија повеќе локации низ Израел. Во овие напади загинаа три лица, а над 170 беа повредени.

Меѓу жртвите на израелскиот напад, како што наведуваат извештаите, се и началникот на Генералштабот, командантот на Иранската револуционерна гарда (IRGC), неколку високи воени офицери, како и девет нуклеарни научници.

Реакции следуваа и на меѓународно ниво – повеќе земји, меѓу кои и Турција, остро ги осудија израелските акции и повикаа на воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран