УТРО.мк

Се огласи Зеленски: Успешно го сопревме напредувањето на руските сили

Се огласи Зеленски: Успешно го сопревме напредувањето на руските сили
Vero

Украинските сили го запреа руското напредување во областа Суми

Украинските вооружени сили успеале да го запрат напредувањето на руските трупи во североисточната област Суми и сега се борат долж границата со цел да ја повратат контролата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според соопштението на претседателскиот кабинет, Зеленски посочил дека Русија има концентрирано околу 53.000 војници во регионот Суми, јавува агенцијата „Ројтерс“.

– Ги стабилизираме позициите. Борбите се водат долж самата граница. Треба да се разбере дека непријателот е запрен. Најголемата длабочина на навлегување каде што се водат борби изнесува седум километри од границата – изјави Зеленски.

Иако руските сили продолжуваат со нападите врз источната област Доњецк, од почетокот на месецот е забележано засилување на офанзивата во североисточниот дел на Украина. Русија најавува планови за создавање таканаречена „тампон-зона“ во областите Суми и Харков.

Воените дејствија во Украина влегуваат во својата четврта година, но во последните недели конфликтот дополнително ескалира. Украинската војска изврши напад со дронови, при што беа уништени неколку руски борбени авиони на територијата на Русија.

Дополнително, со подводни експлозиви беше нападнат мостот што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим. Зеленски нагласи дека украинските сили успешно ги задржале одбранбените линии на фронтот, кој се протега во должина од над 1.000 километри.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран