УТРО.мк

Пожарот во Вардариште ставен под контрола, се врши догаснување

Пожарот во Вардариште ставен под контрола, се врши догаснување
Vero

Пожарот што изби во населбата Вардариште е во голема мера изгаснат, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје и натаму се на терен и работат на догаснување на поединечни жаришта.

ЦУК извести дека ситуацијата е под контрола и дека не постои опасност од повторно разгорување на огнот.

Паралелно со интервенцијата, од компанијата ЕВН информираат дека дел по дел го нормализираат снабдувањето со електрична енергија во нисконапонската мрежа. Се очекува целосно стабилизирање на напојувањето со струја во најкус можен рок.

Надлежните институции апелираат на претпазливост и внимателно движење во околината додека трае финалната фаза од интервенцијата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран