УТРО.мк

Ројтерс: Администрацијата на Трамп ги предупредила Катар и сојузниците неколку часа пред израелскиот напад

Ројтерс: Администрацијата на Трамп ги предупредила Катар и сојузниците неколку часа пред израелскиот напад
Vero

Неколку часа пред Израел да започне со воздушни напади врз цели низ Иран, Стејт департментот на САД испратил предупредување до неколку блискоисточни сојузници, меѓу кои и Катар, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на три извори запознаени со ситуацијата.

Во дипломатска белешка испратена во четвртокот попладне, се наведува дека Вашингтон ја информирал одбраната и дипломатските канали на партнерските држави дека нападот ќе се случи доцна вечерта. Истовремено, Американците јасно ставиле до знаење дека САД не се директно вклучени во израелската воена акција, ниту пак ја поддржуваат оперативно.

Во пораката се додава дека претседателот Доналд Трамп останува посветен на мирот во регионот, но и на недозволување на Иран да развие нуклеарно оружје, позиција која израелската влада ја користи како главно образложение за своите чекори.

Израелската офанзива започна во ноќта меѓу четврток и петок, а властите во Тел Авив тврдат дека се погодени нуклеарни постројки, ракетни фабрики и позиции на иранската револуционерна гарда. Според најавите од израелски извори, можно е оваа операција да се претвори во подолгорочна стратегија за елиминација на иранските капацитети за развој на атомска бомба.

Американскиот Стејт департмент засега нема официјален одговор на барањата за коментар на информациите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран