УТРО.мк

ЈУЛИ 2025 ни носи голема суша во Европа, временски непогоди во Македонија и во Италија!

ЈУЛИ 2025 ни носи голема суша во Европа, временски непогоди во Македонија и во Италија!
Vero

Месец јули (2025 година) барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, ќе ни донесе поумерени температури на воздухот, тоа значи дека екстремно топли долготрајни бранови нема да има во нашата Република Македонија. Сепак, нормално е да очекуваме продори на Африканска топлина, што е и вообичаено за месец јули.

На метеоролошката карта може да се види дека кај нас нема некоја голема температура аномалија, иако за 0.5 степен, до 1 степен е можно позитивно отстапување на температурите, што не е ништо сериозно. Поголемо позитивно отстапување на температурите би требало да има во централните и во северните предели на Балканот, како и во централна и западна Европа.

Што се однесува до врнежите, најголем дел од Европа во јули 2025 ќе доживаа голема суша. Исклучок ќе бидат Италија и нашата Македонија, каде врнежите би требало да бидат натпросечно високи, однсно, да имаме почести врнежи, како и појава на временски непогоди.

Да напоменам дека поради долгорочноста на метео анализата, овие информации ми служат само како резерва, а големи се шансите промени во истата да има. Затоа, ги советувам граѓаните внимателно да ја следат секоја моја најнова метео објава, особено да ги следат и да им веруваат на моите краткорочни метео анализи, кои се со повеќе од 90% можност за остварување, односно, се многу попрецизни за разлика од оние подолгорочните анализи.

МетеоАларм – Славчо Попоски 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран