УТРО.мк

Го следеле од менувачница, го нападнале, па му ги украле парите

Го следеле од менувачница, го нападнале, па му ги украле парите
Vero

Истражна постапка против две лица за разбојништво во Куманово: Нападнале маж и му одзеле пари

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело разбојништво, согласно член 237 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничените пред четири дена физички нападнале маж и му одзеле поголема сума пари.

Како што е наведено, двајцата го забележале оштетениот додека вршел размена на девизи и започнале да го следат со намера да му ги одземат средствата. Откако се приближил до неговиот дом, му пријдоа и му зададоа удар со тупаница во главата. Од ударот жртвата паднала на земја и ја загубила свеста, по што му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари.

Судија на претходна постапка им определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност за влијание врз истрагата.

Обвинителството продолжува со прибирање докази за целосно расветлување на настанот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран