УТРО.мк

Русија предупредува: Овој потег на Иран ќе има незамисливи последици за целиот свет

Русија предупредува: Овој потег на Иран ќе има незамисливи последици за целиот свет
Vero

Рускиот сенатор Алексeј Пушков предупреди дека одговорот на Иран на израелските напади може да предизвика незамисливи последици за целиот свет. Според него, Техеран размислува за затворање на Ормускиот теснец, кој го поврзува Персискиот залив со Индискиот океан, што би довело до драматичен скок на цените на нафтата и сериозна дестабилизација на глобалниот енергетски пазар.

„Ако Иран го блокира Ормускиот теснец, светскиот пазар на нафта ќе биде сериозно нарушен, а цената на нафтата може да скокне до 110 или 130 долари за барел“, напиша Пушков на својот Телеграм канал.

Тој исто така предупреди дека на Иран би можеле да му се приклучат и јеменските Хути, кои би можеле да го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб — клучна поморска рута помеѓу Индискиот океан и Црвеното Море, која води кон Суецкиот канал. „Во тој случај, растот на цените на нафтата ќе биде уште поизразен“, посочи Пушков.

Во ноќта меѓу 12 и 13 јуни, израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа обемна воена операција, изведувајќи воздушни напади врз воени цели и објекти поврзани со иранскиот нуклеарен програм.

Властите во Израел соопштија дека целта на операцијата е елиминирање на непосредната закана за опстанокот на државата, наведувајќи дека, според разузнавачките информации, Иран се приближува кон „точка од која нема враќање“ во развојот на нуклеарно оружје.

Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, во своето обраќање до нацијата ги осуди израелските напади, нарекувајќи ги „злосторство“, и порача дека Израел го очекува „горчлива и страшна судбина“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран