Денеска (23.09.2025) во 06:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(34) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.