УТРО.мк

Меџити се сретна со пензионерите од општина Чаир: Конкретна поддршка и одржливи политики за достоинствен живот

Меџити се сретна со пензионерите од општина Чаир: Конкретна поддршка и одржливи политики за достоинствен живот
Vero

Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата.

“Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити.

Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на повозрасните граѓани.

“Ова е чувствителна и конкретна промена во секојдневниот живот на пензионерите. Оваа политика ќе продолжи со нови чекори за да обезбеди достоинствена старост за сите“, додаде Меџити.

Понатаму, тој нагласи дека поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална, при што истакна дека општина Чаир ќе инвестира во создавање нови содржини, социјални, културни и рекреативни програми, меѓу кои културни и спортски настани, патувања и едукативни програми, како и активности за поквалитетен социјален живот.

Општина Чаир ќе биде партнер на сите здруженија на пензионери, поддржувајќи ја секоја иницијатива што придонесува за нивната благосостојба, а во соработка со Владата ќе се дизајнираат и посебни програми за здравствена превенција, кои ќе вклучуваат едукации, бесплатни лекарски прегледи и активности за зачувување на физичкото и менталното здравје на повозрасните лица, истакна Меџити.

Тој дополнително ја нагласи и заложбата за помош на пензионерите што живеат во тешки социјални услови преку систематска поддршка, социјални пакети и континуирана институционална грижа.

“Пензионерите се нашата гордост, наша сила и наша најголема мудрост. Наша должност е да им обезбедиме достоинствена, мирна и исполнета старост. Ова е ветување што како општина Чаир ќе го исполниме до крај“, заклучи Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран