Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го честиташе Денот на знаковниот јазик, истакнувајќи ја важноста на гласот што не се слуша, но се чувствува преку рацете, дланките и срцето.
„Нека денешниот ден биде потсетник дека заедно ќе го градиме Скопје како град на еднакви можности, почит и заедништво“, нагласи Ѓорѓиевски, охрабрувајќи ги граѓаните да ги почитуваат и поддржуваат сите форми на комуникација и инклузија.