УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улиците во Пинтија

Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улиците во Пинтија
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности во населбата Пинтија, каде започна голема реконструкција на улиците.

Проектот опфаќа вкупна површина од 16.000 м² или 3.300 метри улици, вклучувајќи ги улиците Саса 2 со краци, Саса 4 со краци, Саса 8 и Саса 10. Реконструкцијата се реализира по завршувањето на изградбата на новата фекална канализациона мрежа.

Проектот е вреден 25,5 милиони денари, средства обезбедени преку вториот владин повик за капитални инвестиции со поддршка на Министерството за транспорт и врски, а аплицирани од Општина Кисела Вода. Според планираната динамика, реконструкцијата ќе биде завршена во рок од пет месеци.

Ѓорѓиевски нагласи дека во изминатите четири години се реализирани значајни инвестиции во Пинтија, меѓу кои изградба на спортска сала во дворот на ПОУ „Рајко Жинзифов“, плоштад со детско катче и подготвителни активности за целосна реконструкција и енергетска ефикасност на училиштето.

„Со секој реализиран проект, Пинтија станува подобро и поубаво место за живеење,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто допрва доаѓа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран