Десетици илјади Италијанци излегоа на улиците во повеќе градови низ земјата во понеделникот, протестирајќи против насилството во Газа и улогата на Италија кон Израел. Во Милано, судири со полицијата доведоа до повреди на околу 60 полицајци, а повеќе од 12 лица беа уапсени. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои блокираа сообраќај на патишта и близу главната железничка станица.
Протести имаше и во други големи градови, вклучувајќи го Рим каде над 20.000 луѓе се собраа пред железничката станица Термини, и во Генова и Ливорно, каде демонстрантите блокираа пристап до пристаништата, носејќи палестински знамиња.
Штрајкови организираа и пристанишни работници кои сакаа да спречат користење на Италија како транзитна точка за оружје и материјали за Израел. Протести се одржаа и под слоганот „Блокирајме сè“, предизвикувајќи делумно прекинување на јавниот транспорт и затворање на училиштата.
Италијанската премиерка Џорџиа Мелони осуди насилството, истакнувајќи дека тоа нема да ги промени животите на луѓето во Газа, додека министерот за транспорт Матео Салвини го минимизираше влијанието на штрајковите врз железничката мрежа.
Демonstraциите ги истакнуваат длабоките поделби во Италија по прашањето на палестинско-израелскиот конфликт, додека владата на Мелони, како традиционален поддржувач на Израел, не го разгледува признавањето на Палестина.