УТРО.мк

Пожар кај Вардариште остави без струја 47.000 корисници во Скопје

Пожар кај Вардариште остави без струја 47.000 корисници во Скопје
Vero

Околу 47.000 корисници во Скопје останаа без електрична енергија откако денеска напладне изби голем пожар во депонијата Вардариште, информираа од Електродистрибуција.

Како што наведуваат од компанијата, по барање на Противпожарната бригада, превентивно биле исклучени од напон двете трафостаници „Скопје 4 – Аеродром“ и „Скопје 4 – Исток“, кои снабдуваат со струја делови од градот.

„Поради големиот пожар и по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа и ги исклучија од напон трафостаниците. Напонот ќе биде повторно воспоставен веднаш штом пожарот биде локализиран и теренот се оцени како безбеден“, соопштија од Електродистрибуција.

Во гаснењето на пожарот, кој зафатил сува трева и отпаден материјал, ангажирани се 20 пожарникари со седум противпожарни возила. Интервенцијата е сè уште во тек.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран