
Македонската фудбалска репрезентација добива две нови имиња во составот, откако Анес Мелиќи и Матеј Гаштаров, според информациите на „Инфоспорт“, ги одбиле можностите да настапуваат за репрезентациите на Албанија и Србија.
Дефанзивецот на Шкендија, Анес Мелиќи, наводно добил понуда да биде дел од А-репрезентацијата на Албанија. Сепак, 20-годишниот скопјанец решил да ја почека Македонија, а повикот пристигнал од селекторот Гоце Седлоски.
Сличен избор направил и Матеј Гаштаров. По неговиот трансфер во Црвена Ѕвезда, тој добил српски пасош, по што се појавија информации дека Фудбалскиот сојуз на Србија ќе се обиде да го убеди да настапува за нивната репрезентација.
Гаштаров, сепак, ја избрал Македонија и го прифатил повикот за националниот тим.
Двајцата млади фудбалери сега се очекува да бидат дел од репрезентативниот состав, што претставува дополнителна опција за селекторот Седлоски во периодот што следува.

















