УТРО.мк

Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика

Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика
Vero

МРТ 3 влегува во целосна програмска трансформација и од досегашниот спортски профил ќе се пренасочи кон модерен музичко-забавен канал наменет, пред сè, за помладата публика.

Одговорниот уредник на Третиот канал, Зоран Мирчевски, најави дека промената ќе го опфати целокупниот карактер на каналот, кој во иднина ќе понуди 24-часовна програма со содржини од музиката, културата, модата, храната, милениците и други теми поврзани со современиот урбан живот.

Покрај забавната функција, МРТ 3 ќе има и поширока културна улога, со посебен простор за промоција на домашната музичка и културна сцена.

Програмата ќе биде приспособена на навиките на помладите гледачи, со пократки и подинамични формати. Најголем дел од прилозите ќе бидат во траење од три до четири минути, со цел содржините да бидат побрзи и поатрактивни за следење.

Со трансформацијата каналот добива и нов визуелен идентитет, а од денеска е достапен и на програмската позиција број 6 на „Телеком“.

МРТ 3 со новиот концепт има намера да понуди поинаква телевизиска содржина и да стане платформа за современи теми, млади автори и домашната музичко-забавна сцена.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin