УТРО.мк

Од понеделник химната ќе се интонира пред почетокот на наставата во училиштата во Гази Баба

Од понеделник химната ќе се интонира пред почетокот на наставата во училиштата во Гази Баба
Vero

Од понеделник, наставата во сите основни училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на македонската државна химна.

Одлуката е донесена од Советот на Општина Гази Баба, а денеска ја потврди градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој оцени дека одлуката е правилна и посочи дека, според неговите информации, родителите ја поздравуваат. Стефковски нагласи дека државната химна претставува едно од главните обележја на државата и симбол на нејзиниот идентитет, историја и суверенитет.

Темата неодамна беше коментирана и од премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека државната химна е утврдена со Уставот и дека нејзиното почитување не треба да зависи од етничката припадност.

Мицкоски порача дека сите граѓани треба да ги почитуваат државните симболи, без разлика на нивната етничка припадност, но истовремено нагласи дека треба да се почитуваат и националните симболи на етничките заедници.

Премиерот претходно изјави дека е изненаден што интонирањето на државната химна станало тема за јавна полемика и порача дека почитувањето на државните симболи треба да биде заедничка вредност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin