УТРО.мк

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор во Ѓорче Петров

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор во Ѓорче Петров
Vero

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако бил физички нападнат од група други малолетници во дворот на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 16 септември околу 21 часот. Според пријавеното, на нападот му претходела расправија, по што неколку малолетници физички го нападнале детето, а еден од нив му бил познат.

Во нападот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin