
Полицијата расветли два случаи на тешка кражба во Тетово и Порој, при што биле лишени од слобода две лица.
Вчера во 12 часот во село Порој и во 14:50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле С.К. (27) од Порој и А.Ц. (19) од Тетово, поради сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
С.К. се сомничи дека во ноќта меѓу 15 и 16 септември со употреба на сила влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на 52-годишниот И.О., од каде што одзел пари и повеќе производи.
Во вториот случај, 55-годишна жена од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана кон нејзиниот малолетен син одзел пари.
Двете лица биле задржани во полициска станица. Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















