УТРО.мк

Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование
Vero

Министерството за образование и наука доби грант од 250 илјади евра од Шпанија, кој ќе биде наменет за финансиската конструкција за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека финансиската поддршка треба да придонесе за побрзо започнување и реализација на проектот.

Договорот за грантот е потпишан со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз и вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) за целни земји, Томаш Бочек.

Јаневска изрази благодарност до Шпанија и ЦЕБ за поддршката и соработката во унапредувањето на образовната инфраструктура.

Според министерката, вложувањето во модерна инфраструктура е еден од важните услови за создавање подобри услови за образование и работа на студентите и наставниот кадар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin